Организатори:





 

Кампањата продолжува...
Во рамките на кампањата “Не наседнувам!”, на 8-ми март 2009 год. на повеќе локации во Скопје беа изведени неколку акции.
Целта на овие акции е деконструирање на идејата за празникот на жената, од ден во кој тие ја прославуваат својата еднодневна слобода од стегите на домот и кариерата во ден во кој треба да го кренат гласот против угнетувачките и репресивни политики кои директно ги загрозуваат нивните репродуктивни права и правото на избор.
За таа цел на Улица Македонија, Плоштад Македонија, трговскиот центар Рамстор и цветниот пазар се делеа картички и долнa облека со некои од главните пораки на оваа кампања,а на надвозникот на булевар Гоце Делчев (пред стоковна куќа Мост) беше поставувено големо платно со испишана порака “Абортирај го шовинизмот”.  
Финалето беше закажано за вечерта во 20 ч. во мезе-барот Сопотско, каде што во рамките на “Не наседнувам! – 8-мо мартовската фешта”, свои пригодни ди-џеј сетови имаа Соња Исмаил и Ивана Драгшиќ, гостите беа послужени со пригодни закуски направени специјално за оваа прилика од тимот “Сиебалевекот”, а им беа поделени и подароци на присутните
.


 


 


Поддржувачи:







 

 

© 2009 Акција Здруженска | Design: Koma lab.

за нас   |   за кампањата   |   контакт